Веќе три недели, Универзитетот во Амстердам е потресен од бран студентски протести против неолиберализацијата на високото образование, како и недостатокот на демократска одговорност во внатрешните одлуки.
Минатата недела, персоналот на Универзитетот се приклучи на протестите, покажувајќи ја нивната солидарност со студентите и заканувајќи се со понатамошни акции доколку нивните барања не бидат исполнети.
Главната зграда на Универзитетот моментално е под окупација од страна на студентите, а управниот совет беше ставен во непријатна позиција: дали ќе ги почитува барањата на академската заедница за поголема демократизација или ќе продолжи да се придржува кон неолибералната логика на бирократијата?
Додека борбата на Универзитетот претежно е локална и национална по природа, импликациите на прашањата поставени од студентите и вработените, излезе надвор од границите на Холандија. Високото образование е во криза во развиениот свет. Структурно недоволно финансирани и длабоко недемократски, универзитетите насекаде ги напуштаат најважните општествени функции - да произведуваат високо-квалитетни истражувања и образование и да ја едуцираат следната генерација на квалификувани и свесни граѓани. Тие се` повеќе и повеќе стануваат квази-приватни компании управувани од одделената менаџерска елита.
За работите да бидат полоши, наместо да се фокусираат на подобрување на образованието, овие менаџери се платени огромни суми на пари да поттурнуваат луди суми на бесцелни документи, принудувајќи деструктивна оптеретеност и нереални очекувања кон несигурниот персонал, третирајќи ги студентите како ограничени потрушувачи и безлична статистика, и вршејќи притисок врз талентираните истражувачи да „исплукаат“ големи количини на бесмислено ѓубре само за да се задоволи цврстото квантитативно објавување на квотите кои не успеваат да ги препознаат социјалните и квалитативни димензии на еден научен труд.
Демонстрантите на Универзитетот се наоѓаат во првиот ред на она што е во суштина глобална борба во однос на комерцијализацијата на високото образование и постојаното намалување на знаењето. Во многу земји, оваа неолиберална логика резултираше со драматични зголемувања на школарината и намалувања на буџетот.
Интересно е тоа што токму земјите во кои се одвива неолиберализација на високото образование, доживуваат најспектакуларни протести во последниве години: од Пингвин револуцијата во Чиле до движењето Црвен Плоштад во Квебек, и секако последниот студентски штрајк во Велика Британија.
Во таа насока, ова движење во Амстердам може да биде предвесник на она што допрва треба да дојде. По неколку години страдања во тишина, академската заедница конечно сака да си го врати универзитет, здружувајќи ги силите професорите и студентите кои не само што бараат радикални промени во начинот на истражување, учење и финансирање на високото образование, туку и нови методи на самоуправа.