X
 20.04.2015 Наука

Рибите кои може да го променат полот

Хермафродити се оние организми кои имаат и женски и машки репродуктивни органи. Најчесто мекотелите, како и безрбетниците се хермафродити. Некои видови на риби се хермафродити.


Секундарен хермафродизам е појава кога рибата има можност да го промени својот пол од машко во женско и обратно подоцна во својот живот. Ако може да се сменат од машко кон женско тогаш тоа е протандрија, а од машко кон женско е протогонија.

Постојат повеќе примери за секундарен хермафродизам. Рибата кловн и рибата чистач се хермафродити. Рибата кловн живее во коралните гребени. Тие живеат во групи каде што има две поголеми женки и повеќе помали единки кои се машки. Доколку женката поради некои околности се отстрани од групата, тогаш најсилниот машки член почнува да развива женски репродуктивни органи и почнува да расте многу брзо за да ја достигне големината на една женка. Така се одржува континуитетот во заедницата на рибите кловнови.

Кај рибата чистач ситуацијата е малку поинаква. Тие живеат во групи каде што има еден најголем член и тоа е машко а сите останати членови се женски. Доколку машкото се отстрани тогаш една од женките ќе се смени во машко и ќе порасне во димензии. Ова може да го стори за две недели.

Рибите го прават сето ова со цел да се продолжи опстанокот на видот.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука