Пандемијата на коронавирусот ги поттикна професорите и наставниците да бидат покреативни. Но, што може да направат професорите по природни науки, каде што часовите на „Зум“ не се доволни? Еден американски факултет се сетил на креативно решение - им испратил на студентите животински органи за дисецирање.
Колеџот „Лафајет“ им испратил на студентите по невронаука зачувани мозоци од овци во пакет по пошта. Потоа, неврологот и психолог Луис Скетино ги водел студентите низ процесот на дисецирање преку видеоповик.
Фото: Freepik
Како што изјавил Скетино за „Футуризм“, физичкото присуство на студентите во лабораторија е незаменливо, но ова е второ најдобро решение.
„Лафајет“ не е единствениот факултет што на студентите им праќа
животински органи по пошта. Медицинскиот факултет при Универзитетот „Стенфорд“ и Универзитетот во Аризона го направиле истото. Не треба да се напомене дека студентите биле изненадени.
- Ни кажаа дека ќе ни испратат комплет за дисекција, но не знаев дека ќе ни пратат вистински животински органи или нешто слично, па затоа се изненадив кога стигна пакетот - вели Џули Тараборели, студент на Универзитетот во Аризона.
Автор: Лукиа Пападопулос
Извор:
interestingengineering.com