Секаде нема да ги најдете истите правила и навики во кои уживате тука. Некаде е подобро кога се работи за јадењето во јавност, но некаде се забележуваат некои недостатоци на кои не смеете да заборавите.
Во
Португалија, немојте да барате сол и бибер доколку нема на масата. Тоа ќе се смета за навредливо за готвачот. Освен тоа, оставете и напојница од околу 10% од сумата.
Во
Франција лебчето може да се користи место приборот и не е учтиво да се одгризува парче. Кога не се користи, лебот стои на масата, не на чинијата. Рацете секогаш стојат над масата. Делењето на сметката не е софистицирано. Подобро платете ја целата сметка.
Во
Јапонија не ги вкрстувајте стапчињата и не ги поставувајте вертикално во оризот. Ни случајно не оставајте напојница бидејќи тоа е ретко и може да се смета за навреда. Освен тоа, не треба да подавате храна со стапчиња, но може да пиете супа директно од садот.
Додека сте во
Италија не порачувајте кашкавал доколку не е јасно понудени. Оставете повеќе пари со сметката за одлични услуги, остатокот е вклучен во сметката.
Во
Индија не е убаво да се остава храна во чинијата. Рацете се мијат пред и по јадењето, а обрнете и посебно внимание на ноктите. Не се јаде ниту бргу, ниту полека, но се јаде само со десната рака.
Кога сте во
Тајланд ќе научите да ги добивате сите порачани јадења одедна. Делењето храна е многу често. Не јадете од вашата вилушка и користете ја само за да ја ставите храната во лажицата. Не го земајте последното парче од садот од кој јадат сите.
Кога сте во
Кина ждригањето е добредојдено кога сте во ресторан. Тоа е комплимент за готвачот. Секогаш пристигнувајте навреме и облекувајте се уредно кога одите на ручек или вечера. Не оставајте напојница за услугата и не ја јадете целата храна за да покажете дека домаќинот ви дал повеќе од доволно за јадење.