X
 21.02.2022 Живот

Занимливости поврзани со патувањето: „Човекот вреди онолку колку што патувал“

Не се вели без причина дека човекот вреди онолку колку што патувал. Запознавање нови култури, архитектура, дегустација на национална храна и пијалаци - сето ова заедно прави огромно и непроценливо искуство кое ќе се памети и кое еден ден ќе го споделиме со нашите внуци.

Еве неколку интересни факти за патувањето кои можеби не сте ги знаеле:

1. Истражување тврди дека луѓето што често патуваат се повешти во решавањето на проблемите со кои се среќаваат во секојдневните животни ситуации.

2. Користењето одмор за некакво патување наместо класичното повеќедневно лежење го намалува ризикот од срцеви заболувања.

3. Докажано е дека парите потрошени на патување нè прават посреќни отколку парите потрошени, да речеме, на шопинг. Затоа некои од големите патници сакаат да кажат дека зад себе немаат „ни кучиња ни мачиња“, но сепак се бескрајно среќни.

patuvanje
Фото: Freepik

4. Придобивките од патувањето, според некои истражувања, се манифестираат инстантно. По ден или два, 89 отсто од луѓето што патувале доживеале пад на нивото на стрес. Не е ни чудо што големите патници се секогаш насмеани и позитивни.

5. Патувањето и истражувањето на новите култури нѐ прави попаметни. Така, додека го читате овој текст, напишете ја следната дестинација што треба да ја посетите.

6. Новите искуства што ги стекнуваме во текот на патувањето и ситуациите со кои се среќаваме нѐ прават покреативни.

7. Најкраткиот лет на светот трае две минути и ги поврзува шкотскиот остров Вестреј и градот Папа Вестреј.

8. Најдолгиот лет на светот ги поврзува Сиднеј во Австралија и Далас во американската сојузна држава Тексас и трае 16 часа.

9. Најпосетувана земја во светот е Франција.

10. Франција е и земјата чија територија вклучува најмногу временски зони (дури 12). Со оглед на тоа дека тие биле доста активни за време на колонијалните освојувања, овој факт не е изненадувачки.

11. Папуа Нова Гвинеја е земјата каде што се зборуваат најмногу јазици (850). Официјални јазици се ток писин, англиски и хири моту.

12. Најголемиот хотел во светот е „Измаил“ во Москва, кој има сместувачки капацитет за околу 7.500 гости.

13. Најскапата хотелска соба на светот чини 83.200 долари за ноќ во апартман „Ројал пентхаус“ во хотелот „Претседател Вилсон“ во Женева. Секако, во истиот град можете да најдете хотелско сместување за 20-30 евра, со што ќе имате уште подобро доживување на градот.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот