X
 23.12.2019 Живот

Дали летот ќе биде откажан ако нема доволно патници?

Сите сме навикнати на метеж при чекирањето и влегувањето во авион, но замислете да се појавите на аеродром и да сфатите дека никој друг не го чека тој лет и дека сте единствениот патник во авионот. Веројатно ќе се исплашите дека авионот одлетал или дека нешто сте погрешиле, но не е така.

Одвреме-навреме се случува авиокомпаниите да одработат летови на кои има само неколку, а понекогаш и само еден патник. За многу лица што се навикнати на чекање на аеродромите ова ќе звучи како научна фантастика, но не е така.

За оние што ќе полетаат сами, патувањето се претвора во вистинска авантура. Една патничка на која ѝ се случило ова летала од Бангкок до островот Ко Самуи. Екипажот се погрижил таа да го запомни патувањето, па можела да седне каде сака, а добила и јадење и пиење колку што сакала.

Многумина би заклучиле дека летовите со малку патници се откажуваат, но во практика сето тоа е прашање на логистика. Едноставно, поради другите летови, некогаш одреден авион мора да биде на друго место бидејќи веќе следниот ден го чека нов лет, така што овие работи, кога малку подобро ќе се размисли, не се толку чудни.

Исто така, екипажот го планира одењето дома според планот на летање. А тука се и приходите од багажот бидејќи откажувањето на летовите значи и губење на планираните приходи од превезениот багаж.

Така што, ако ви се случи сами да чекате за влез во авион, можно е да не сте го пропуштиле летот, туку едноставно да сте еден од среќниците што доживуваат ретко искуство да имаат цел авион за себе.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот