Сигурни бевме дека „Game of thrones“ ќе трае уште сто сезони, но луѓето кои стојат зад телевизиската серија тврдат дека крајот е поблизу отколку што очекуваме.
Популарната серија е полна со изненадувања, а можеби најголемото од сите ќе биде нејзиниот крај. Претпоставуваме дека тоа ќе биде така бидејќи крајот ќе дојде побрзо од очекуваното.
Авторите на серијата, Дејвид Мениоф и Д.Б. Вајс откриваат дека веројатно може да очекуваме само уште четири сезони во случај книгите да бидат екстремно долги, но крајот би се случил и многу порано.
Џорџ Р.Р. Мартин веќе знае кога ќе се случи тоа, а тоа им го открил и на двајцата автори на телевизиската серија. Значи, крајот дефинитивно пристигнува.
Секако, ништо не е дефинитивно бидејќи договорот на авторите стои дека серијата треба да ја следи приказната од книгата со минимални промени. Кога се работи за Мартин, тој измислува многу работи додека пишува и е непредвидлив.
Сценаристите земаа слобода во петтата сезона и свртија од патот на Мартин, а тоа веројатно ќе се случува и во следните сезони, но крајот дефинитивно ќе остане таков како во книгата.