„Ноќниот агент“ (англ. The Night Agent) е нова хит-серија на „Нетфликс“ која по само неколку дена од премиерата го достигна врвот на листата со најгледани серии на англиски јазик.
Серијата е базирана на истоимениот роман на Метју Кирк. Достапна е на „Нетфликс“ од 23 март, а за шест дена има повеќе од 168 милиони часа гледаност.
Според „Нетфликс“, ова е трета најдобра премиерна недела за една серија според часовите гледаност во првата епизода. Исто така, серијата е во топ-10 најпопуларни серии на листите во 93 земји во светот.
Во серијата се работи за агент на ФБИ кој работи во подрумот на Белата куќа. Неговата задача е да управува со телефон кој никогаш не ѕвони - до моментот кога ќе заѕвони, ставајќи го во средина на заговор.
- Ми се допаѓа идејата за аутсајдер, некој што е најмалку важна личност на многу важно место. Во овој случај, тоа е агент на ФБИ од ниско ниво, кој работи во соба без прозорци во подрумот на Белата куќа - вели Шон Рајан, продуцент на серијата.
- Сите други се поважни од него. Тој, како во класичните филмови на Хичкок, е втурнат во необична ситуација - додава Рајан.
Фото: Screenshot/YouTube