Компјутерите се алатка со која се завршува работата во многу професии, а тоа со себе носи и некои проблеми, како што се потешкотиите со видот, болките во вратот и грбот итн. Се смета дека околу 70 милиони луѓе ширум светот се загрозени бидејќи толку секојдневно работат на компјутер најмалку три часа.
Дури 70-90% од нив имаат нуспојава која се нарекува „компјутерски вид“. Ако на крајот од работниот ден забележите заматен вид, болка во главата, вратот или грбот и имате суви, иритирани и крвави очи, знајте дека тоа се симптоми на компјутерски вид.
Долгорочното напрегање на очите може да доведе до сериозни оштетувања на рожницата, хронични главоболки поврзани со видот, па дури и делумно губење на видот, препорачуваат офтамолозите, пишува „ICTBusiness“.
Како да ги спречите симптомите?
Се' може да се
спречи или ублажи доколку се преземат неколку мерки. Наместете ја висината на екранот така што таа е пониска од нивото на вашите очи додека седите исправено бидејќи така најмалку ќе ги напрегате очите.
Потоа, прилагодете ја светлината на екранот така што ќе ви ги опушта очите, а не иритира. Не заборавајте да трепкате бидејќи тоа ги навлажнува очите.
Правете паузи од неколку минути на секои два часа - станете, прошетајте, оддалечете се од екранот. Исто така, додека седите, раздвижете се на секои дваесетина минути и тргнете го погледот од екранот за очите да бидат свесни и за околината околу вас. Најдобро е да гледате во нешто далеку, да речеме на 20 метри од вас.
Сето ова е потребно бидејќи игнорирањето на овие совети во иднината со себе носи сериозни проблеми со видот, очните мускули, концентрацијата итн.