Смилен во неговата фотеља, Гоце позади микрофоните, а Пики Сипи насекаде на сцената - така изгледаше концертот на САФ синоќа.
Концертот беше по повод 15 години Сафизам. Иако во пензија тоа не ги спречи САФ да го наполнат Скопски саем и да ги држат гостите на нозе во текот на концертот. Како поддршка на овие рап пензионери се појавија Џака Накот, Грин Аут и Легијата.
Сето ова е доказ дека македонскиот рап е далеку од мртов, а публиката покажува дека не постојат гранници на возраст за да се конзумира добра музика.
Дополнително, САФ одвоија малку време да оддадат почит на рап иконите кои им служеле како инспирација, ликови како Notorious B.I.G, Big L, 2 Pac итн.