Бруталната искреност не е она што поголемиот дел од дипломците сакаат а го чујат, особено не кога завршуваат факултет. Меѓутоа, Роберт де Ниро не се воздржувал кога им се обратил на генерацијата од 2015 година на универзитетот „Њујорк“. Имено, актерот им кажал на дипломците: „You're f*cked“ (превод од англ. Се за*бавте).
Оскаровецот држел говор за време на доделувањето дипломи на Уметничкиот факултет „Tisch“ при универзитетот „Њујорк“. Тој ги потсети дипломците на потешкотиите кои ги очекуваат во потрагата на работа со споредба со нивните пријатели од другите насоки, како медицината и стоматологијата.
- Дипломци на „Tisch“, успеавте и се за*бавте, им кажал актерот на дипломците.
Актерот не одел на универзитет и ги пофалил дипломците за изборот на кариера поради страст и им кажал:
- Откривте талент, развивте амбиција и ја препознавте својата страст. Кога чувствувате дека не може да се борите повеќе, едноставно продолжете понатаму.
Поголемиот дел од публиката се насмеала на хуморот на актерот, но сите не биле забавувани.
- Не треба да го користите зборот пред илјадници луѓе. Тоа е моето мислење, изјавува една студентка.