X
 27.12.2022 Наука

Научници смислија метода за неограничено производство на питка вода

Нашата планета има проблем кој се очекува дека ќе се влошува во следните години. Станува збор за резервите на питка вода. Ќе мора да се најдат нови извори на вода за пиење за да се задоволат глобалните потреби и сè поголемата побарувачка.

Водената пареа над океаните е неискористен извор на вода, а нова студија ги опишува потенцијалните начини на користење машини за претворање на водената пареа над океаните во питка вода.

- На крајот ќе мора да најдеме начин да го зголемиме снабдувањето со свежа вода бидејќи рециклираната вода од постојните извори, иако се неопходни, нема да биде доволна за задоволување на човечките потреби. Мислиме дека нашата нова метода може да го направи тоа во големи размери - изјави Правин Кумар, инженер од Универзитетот „Илиноис Урбана-Шампејн“.


Фото: Pixabay

Научниците предлагаат структура, широка околу 210 метри и висока околу 100 метри, која ја транспортира, кондензира и собира водата од влажниот воздух над површината на океаните. Влажниот воздух би се пренесувал до брегот во близина, каде што системи за ладење би можеле да ја кондензираат водената пареа во течност. Ова би функционирало со извори на обновлива енергија.

Се проценува дека само една ваква структура би можела да ги задоволи дневните потреби за питка вода на околу половина милион луѓе.

Од целата вода во светот, само 3 отсто е питка, а голем дел од неа е загаден или недостапен. Недостигот на питка вода често ги погодува најсиромашните луѓе во светот.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука