„Снепчет“ брзо станува место за промоција. Неодамна, Мадона промовираше нејзино видео преку услугата, а сега трејлерот за последниот филм на Робин Вилијамс пристигнува токму оттаму.
Последната улога на Робин Вилијамс била во филм наречен „Absolutely anything“.
Филмот е режиран од Тери Џонс и главната улога ја толкува Сајмон Пег, кој глуми наставник кој открива дека има магични моќи. Така, тој користи магија за да направи неговото куче, Денис (чиј глас е на Робин Вилијамс) да зборува и рационално да размислува.