Смел, возбудлив со чувство на темнина што го немаат повеќето хорор филмови, трилерот на Дејвид Финчер „Седум“, од 1996 година е филм на кој публиката постојано се враќа.
Постојат многу причини зошто луѓето го сакаат. По сите овие години, ужасните и мизерни егзекуции на главниот антагонист, оформени како морлани убиства, при што секоја жртва отелотворува еден од седумте смртоносни гревови, и понатаму се кошмари за фановите.
Секако, тука е и актерската екипа. Морган Фримен, Бред Пит, Гвинет Палтроу и Кевин Спејси, сите одлични актери. Секој од нив игра улога што предизвикува универзални идеи, реални и симболични во исто време. Но, можеби најважното, филмот го има оној незаборавен квалитет што го имаат сите одлични филмови, без оглед на жанрот. Откако ќе го гледате, нема да го заброавите.
„Седум“ е иконски филм, а ако сакате да погледнете слични
филмови на него, ви нудиме неколку класици пред и по „Седум“ што ќе ве воодушеват.
„Зодијак“
„Зодијак“ е базиран на вистинска приказна и нуди детална хроника за истрагата за убиствата на серискиот убиец „Зодијак“. Поприземен е од „Седум“, но допира некои од истите теми. Бидејќи станува збор за уште еден филм на Дејвид Финчер, знаете дека ќе добиете ист вид на извонредност, особено кога станува збор за тоа прогонувачко расположение и неверојатни изведби на актерите.
„Исчезната без трага“
До крајот на овој филм веројатно ќе помислите на еден цитат од „Седум“: - Ернест Хемингвеј еднаш напиша: Светот е добро место за кое вреди да се бориш. Се согласувам со вториот дел.
Овој филм ви ја раскажува приказната за уште едно темно злосторство, кое се чини дека ја открива најлошата страна на човештвото и ги турка детективите што го истражуваат до точка на полудување. Приватните детективи Патрик Кензи (Кејси Афлек) и Енџи Генаро (Мишел Монахан) се ангажирани да најдат исчезнато 4-годишно девојче. Секое водство што го следат сугерира дека е мала веројатноста нивната потрага да има среќен крај.
„Затвореници“
Мрачен и полн со симболика, филозофија и митологија, „Затвореници“ е прилично тежок филм. Но, во структурата, тонот и содржината, е доста сличен на „Седум“.
Филмот почнува со исчезнувањето на две мали девојчиња на Денот на благодарноста. Детективот Локи (Џејк Џиленхал) полека го разоткрива случајот и дознава за „војната против Бог“ што вклучува лавиринти, змии и родителска одмазда. Родителите на малите девојчиња, особено таткото Келер (Хју Џекмен) спроведуваат сопствена истрага. Келер е убеден дека Алекс (Пол Дано), човек со интелектуална попреченост е одговорен за исчезнувањето на девојчињата.
„Ловец на луѓе“
„Ловец на луѓе“ е филм што прикажува ист вид темнина и одлучни протагонисти како „Седум. Вилијам Питерсен го глум Вил Грам, кој работи во ФБИ, кој се враќа од предвремената пензија за да се обиде да реши особено насилни серија убиства извршени од „Тутфери“. За да навлезе во главата на убиецот, тој го посетува најлошиот убиец што некогаш го фатил: Ханибал Лектор.
„Ноќни хроники“
Насилството привлекува внимание. Токму ова го тврди и филмот „Ноќни хроники“ и претприемачкиот социопат Лу Блум, кој е човек кој ќе направи сѐ што е потребно за да ја направи најдобрата снимка од насилствата. А онаму каде што нема добра вест, тој ќе ја создаде.
„Зелена соба“
Ако сакате напнати трилери со застрашувачки, но убедливи негативци, погледнете го „Зелена соба“. Филмот се фокусира на панк бенд што патува на свирки. Но, кога еден ден го завршија настапот, Пат сфаќа дека го оставил својот телефон во зелената соба. Тој се враќа да го земи и со тоа станува свдок на брутално убиство. Скинхедите го опколуваат бендот во зелената соба, додека одлучуваат што да прават со нив.
„Таксист“
Уште еден циничен поглед на урбаното распаѓање и психолошкиот притисок во филмот на Мартин Скорсезе. Роберт Де Ниро го глуми Тревис Бикл, изолиран човек кој живее во мрачната страна на Њујорк: мрачен свет полн со секс, насилство и деградација. Тревис носи многу темнина која порано или подоцна ќе се појави во светот. Филмот се фокусира на тоа колку тенка е границата помеѓу негативецот и таканаречениот херој, доколку и двајцата се мотивирани од исти нестабилни нагони.
„Вообичаените осомничени“
Филмот има посветол тон од „Седум“, а неговиот криминален заговор повеќе е поврзан со алчноста, измамата и стратегиите отколку мрачното и безмилосно проповедање. Но, го има истиот маестрален заговор, полн со пресврти што водат до иконски крај.
Извор:
Looper.com
Фото: Screenshot/YouTube