Најскапиот град во светот е Сингапур, според најновите податоци од „Economist intelligence Unit“. Следен на листата е Париз, а потоа следува Осло. Овие градови ги добија своите титули благодарејќи на индексот за цена на живот на годишно ниво.
Сингапур останува најскапиот град во светот поради неверојатната висока цена на живот. Во извештајот за стандарден град бил искористен Њујорк, кој имал индекс 100. За споредба, индексот за цена на живот на Сингапур изнесува 129.
Во споредба со Њујорк, цената на облеката во Сингапур се приближно 50% повисоки. Прехранбените производи се приближно 11% повисоки, а превозот е приближно трипати поскап во Сингапур отколку во Њујорк.
Париз има животен стандард кој го надминува Њујорк за приближно 26%, со индекс од 126. Париз, исто така, има значително повисоки цени за прехранбените производи, облека, сместување, образование и рекреација.
Осло има индекс за цена на живот со вредност од 124.