Сингапурската влада склучи партнерство со компанијата „Фитбит“ за да им обезбеди паметни часовници за следење на фитнес-активностите на стотици илјади граѓани.
Нормално, тука има и замка. Во замена за бесплатниот часовник, кој инаку чини 100 долари, луѓето што ќе се пријават за новата програма наречена „Живеј здраво СГ“ ќе треба да му плаќаат 10 долари месечна претплата на „Фитбит“ и да се согласат да ги споделуваат податоците за здравјето, кои ги собира часовникот, со владата.
Придобивките за владата и за компанијата се јасни: собраните кориснички податоци се корисни и „Фитбит“ очекува да заработи милиони долари од договорот. Но, потешко е да се идентификуваат долготрајните придобивки за луѓето кои всушност плаќаат за да учествуваат во високотехнолошката фитнес-програма.
Компанијата не соопшти колку очекува да заработи од договорот со Сингапур, но извршниот директор Џејмс Парк истакна дека очекува стотици илјадници луѓе да се приклучат.
- Мислиме дека оваа програма би можела да достигне еден милион лица - истакна Парк.
Планот за претплата поддржан од владата може да е обид за закрепнување на компанијата. Според одредени известувања, продажбата на паметни телефони од 2018 година се
намалила за 27 отсто.
Но, иако се очекува програмата да биде добра за „Фитбит“, не е јасно дали часовниците ќе обезбедат здравствени податоци за луѓето во Сингапур кои ќе имаат практична вредност - нешто на што властите изгледа посветиле помалку внимание отколку на бизнис-аспектот.
Фото: Freepik