Само во 2012 година биле извршени 437.000 убиства низ светот. 14 од 20-те земји каде убиствата се најзастапени се наоѓаат во Јужна Америка и на Карипските острови.
Интерактивниот „Монитор на убиства“ овозможува преглед во убиствата застапени во секоја земја за секоја од последните години. За некои земји достапни се информации и за оружјето кое се користи најчесто при убиство.
Според мапата, најопасни земји за живот се Хондурас, Јамајка, Гватемала, Белизе, Колумбија и Мексико во некои подрачја бројката достигнува до 450 убиства на секои 100.000 жители. Најмалку убиства има во Лихтенштајн, Монако и Сингапур.
Кога станува збор за Македонија, последните податоци се од 2011 година, каде имало просечно 1,4 убиства на 100.000 жители и биле извршени 30 убиства во текот на годината.
Мапата може да ја погледнете
ОВДЕ.