12.06.2024
Живот
Поради високите температури, МОН препорачува основните училишта да работат со скратени наставни часови
Со оглед на високите температури што ја зафатија територијата на Република Северна Македонија, а имајќи предвид дека наставната година за учениците од основните училишта трае до 17.6.2024 година, Министерството за образование и наука препорачува:
- Основните училишта да продолжат да ја реализираат наставата со скратени часови, но да се внимава да се запази суштината на наставната материја која се изучува;
- Училниците и другите простории кои се користат во училиштето постојано да се проветруваат;
- Да се насочуваат учениците и да им се дава можност да консумираат поголемо количество на вода;
- Да им се препорача на учениците да не консумираат масна храна и храна која содржи поголемо количество на шеќери за време на училишниот ден.
Овие препораки се дел од Општите препораки за заштита од топлотен бран на Центрите за јавно здравје, а согласно Здравствениот акциски план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на граѓаните на Република Северна Македонија.