Демонстрациите во текит на изминатата ноќ ескалираа брзо, оставајќи повредени и приведени лица. Околу 23 часот, полицијата влегла во читалната „Браќа Миладиновци“ и ги нападнала студентите кои биле таму барајќи демонстранти помеѓу нив.
Грозоморна снимка од тоа како студентите беа брутално нападнати додека спремаат испити и колоквиуми. Полициската бруталност мора да престане! Ова нема да помине неказнето! #НемаПравдаНемаМир
Posted by Студентски Пленум on Tuesday, May 5, 2015
Студентски пленум објави денес за оваа вест. На социјалните мрежи беа објавени и повеќе видеа.
„Заедницата на социјалните мрежи споделува монструозни и за жал вистинити наводи дека специјалците вечерва влегле и во читалната “Браќа Миладиновци”, додека бркале некој од демонстрантите!
Според досегашните информации, влегле 50 желки и почнале да ги бркаат и буткаат студентите без никаква причина, притоа заканувајќи им се дека ќе добијат кривични пријави под никаква основа!
НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР!
#ПоздравПленумци“
Уште едно видео овој пат од последиците по нападот на полицијата во библиотеката Браќа Миладиновци. Невини студенти беа тешко ранети и раскрварени! Некој за ова мора да одговара! Нема да ви помине! #НемаПравдаНемаМир
Posted by Студентски Пленум on Tuesday, May 5, 2015