НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје од 13 до 15 септември ќе биде домаќин на Студентскиот саем на книгата. За време на траењето на саемот, студентите ќе може да купат стручна литература, прирачници, учебници и слично, по пониски цени, кои ќе бидат актуелни само за време на саемот.
На попуст на Саемот ќе бидат достапни и повеќе книжевни класици, како и дел од современата белетристика од светски и домашни автори, а ќе има можност и за зачленување на нови корисници во библиотеката.
фото: Unsplash