X
 07.05.2015 Технологија

Онлајн-места за наоѓање работа во туризмот

Туризмот стана една од најголемите и најбрзорастечки економски сектори во светот во последната деценија. Индустријата е поделена во повеќе различни делови и може да се најде работа во хотелиерство, исхрана, рекреација, забава, превоз и патнички услуги. Токму затоа, постојат многу професии во индустријата од кои може да бирате. Следуваат интернет-страници каде може да пронајдете огласи за вработување од областа на туризмот.


„Cool works“

Мисијата на „Cool works“ е да ги „поврзе авантуристите во потрага по работа со работодавците и меѓусебно“. Многу огласи се за вработувања во национални паркови, одморалишта, ранчови, ресторани, летни кампови, центри и туристички компании.

„HCareers“

Ова е онлајн-место каде се објавуваат огласи за вработување во хотели, ресторани и одморалишта во Северна Америка. Користете го полето за пребарување за да барате секакви работи поврзани за туризмот.

„GoAbroad“

Се работи за меѓународна образовна интернет-страница за патување создадена за поврзување на патниците со организациите кои нудат можности за патување и вработување. Овде може да најдете и можности за студирање, волонтирање, пракси и предавање.

„Hospitality online“

Овде има илјадници работи во хотели, казина, ресторани и клубови. Огласите може да се пребаруваат по категорија, име или град.

„Resort jobs“

Уште едно место каде може да најдете вработувања во кампови, одморалишта, национални паркови, бродови за крстарење, сауни и хотели. Барајте го совршеното вработување по клучен збор, земја, град или држава.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија