Малкумина ги сакаат, а повеќето би ги прескокнале работните состаноци доколку можат. Според Дона Мекџорџ, авторка на книга за состаноци, дел од проблемот со состаноците е тоа што луѓето не размислуваат доволно за нив.
- Луѓето не се свесни за нив. Стана вообичаен начин на функционирање. Кога ќе се појави проблем, првиот инстинкт е да се оди на состанок. Луѓето не се подготвени и потоа се чувствуваат должни да поканат многу луѓе - вели Мекџорџ.
Во многу случаи, информациите споделени на состаноците можеле да бидат споделени и преку електронска пошта или друг начин на електронска комуникација. Меѓутоа, кога станува збор за состаноците кои се неопходни, Мекџорџ препорачува скратување на времето.
Фото: Pixabay
Иако состаноците најчесто траат еден час, според неа, идеалното времетраење на еден работен состанок е 25 минути. Ова време е инспирирано од методот на Франческо Сирило, кој тврди дека 25 минути се оптималниот период за задржување на фокусот на учесниците.
Мекџорџ додава и дека на подолгите состаноци големи се шансите дека ќе се најдат теми за дискусија кои се непотребни, а се отвораат само за да се пополни времето. Според неа, бројот на учесници исто така игра улога.
- Колку повеќе луѓе се вклучени, толку помалку продуктивни сме - вели Мекџорџ.
Таа препорачува одржување состаноци со најмногу 7 луѓе.
- Моментот кога ќе имате повеќе од 7 луѓе, нема да го добиете придонесот од секој учесник - вели таа.
Извор:
Fast company
Насловна фотографија: Pixabay