X
 16.03.2016 Наука

Верувате во натприродни способности или не?

Резултати од ново истражување покажуваат дека начинот на кој ги процесираме информациите во мозокот може да игра улога во верување но натприродните работи.


Истражувачите Дејвид Греј и Стивен Гало ја истражувале врската меѓу точноста на спомените и верувањето во натприродните способности и настани. Имено, вербата во натприродното се јавува кај луѓето кои послабо размислуваат аналитички.

Во три различни истражувања, Греј и Гало ги барале разликите во верувањето на натприродното меѓу скептиците и верниците. Откритијата покажале дека двете групи не се разликувале во основните способности за помнење, но скептиците почесто биле способни за успешно анализирање и проценување податоците и сопствените искуства во споредба со испитаниците кои веруваат во натприродното. Поточно, скептиците биле подобри во логиката, задачите за наоѓање поврзаност, анкета за теории на заговор и тест за оцена на аргумент.

Соодветно на резултатите, Греј и Гало сметаат дека разликите во критичкото размислување и знаењето може да играат улога во раѓањето на вербата во паранормалните настани и искуства.

Тие посочуваат и дека улога може да играат и други фактори, како социокултурни и психолошки. На пример, речиси 70% од испитаниците кои веруваат изјавиле дека нивните верувања се соодветни на оние на блиските пријатели и семејството.

Конечно, била откриена и врска меѓу вербата во натприродното и задоволството од животот. Имено, вербата во натприродното може да има психолошки поволности за некои индивидуалци.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука