Според новата анализа на веб страната CareerCast, многу вработени со полно работно време не би имале проблем со заработувањето доколку би ја изгубиле работата. Првите две места за најдобрите
професии со скратено работно време ги зедоја програмерите и менаџмент аналитичарите, покажува анализата.
Додека менаџмент аналитичарите можат да помогнат во подобрување на ефикасноста на некои организации, програмерите очекувано се` повеќе владеат со пазарот на трудот како исклучително баран кадар. Според оваа анализа, тие се одлично платени дури и кога работат половина работно време, бидејќи нивната саатница во Америка има вредност од околу 36 долари.
Администраторите на мрежите се трети на листата за 2015 година, а нивниот работен саат се наплатува 35 долари. Иако не е толку позната, оваа професија се` повеќе се пробива на пазарот.
Дека работата од дома е доста популарна покажува и фактот што Америка само во јануари оваа година ангажирала околу 27 милиони part-time работници, вели статистиката на американското биро за работење. Постојат се` повеќе професии кои можат да се работат од дома, а заработувачката не е мала.
Оваа статистика, иако е направена на американскио пазар, може одлично да се примени и во нашата земја. Денес, можеби е тешко да се најде платена работа со полно работно време и сите бенефиции, но не е тешко да се најде работа со скратено работно време кое може да донесе добра плата.
Погледнете ја листата на најпопуларни професии со скратено работно време за 2015 година:
- Менаџмент аналитичари - 37.79 долари на час
- Програмери - 35.71 долари на час
- Администратори на мрежи - 34.88 долари на час
- Сметководители - 30.55 долари на час
- Аналитичари на пазарот - 28.99 долари на час
- Писатели - 26.89 долари на час
- Графички дизајнери - 21.22 долари на час
- Лектори - 15.93 долари на час
- Возачи на камиони за достава - 13.23 долари на час