Аукциската куќа „Christie's“ овој викенд одржа самостојна аукција за рачни часовници во Женева, со која ја обележа 40 годишнината од првото вакво случување во овој град.
На аукцијата се пронајдоа највредните рачни часовници од познатите произведувачи - Rolex, Patek Philippe, Vacheron Constantin, Jaeger-LeCoultre, Panerai, Omega и Cartier.
Вкупната сума на продадените часовници на крајот се искачи на 22.5 милиони долари, а многу од нив поединечно заработиле околу милион долари.
Најскапиот и најпосебниот рачен часовник за таа вечер припаѓаше на луксузниот бренд Patek Philippe, кој се продаде за повеќе од 4 милиони евра.
Линк до галеријата.