Не го сакал Хегел, а филозофските кругови не го сакале него. Тој е еден од оние филозофи кои биле дел од популарната култура во минатиот век, како и Ниче, како и Шопенхауер.
Серен Кјеркегор денес се смета за вистински филозоф на егзистенцијализмот. Помеѓу останатото, водел и дневник, а во дневникот се пресметувал со хејтерите од своето опкружување со констатација која и денес одлично ја разоткрива самата идеја на хејтањето.
„Постојат форми на завист, чии примери често ги среќава, со кои луѓето се обидуваат да постигнат нешто со малтретирањето. Ако на пример влезам во некоја просторија со многу луѓе, секогаш се наоѓа некој кој ќе се нафрли врз мене така што ќе се обиде да ме исмејува, сметајќи се себеси инструмент на јавното мислење. Но гледај, ако само малку ѝ покажам внимание на оваа личност, таа ќе стане бескрајно услужлива. Така суштински покажува дека ме смета за нешто големо, можеби и поголемо од самата себеси, но ако не може да биде дел од мојата големина, барем може да ме исмејува. Истиот момент кога ќе стане дел од неа, започнува славопојки за мојата големина.
Е тоа се случува кога живеете во општество на тривијалност.“