X
 24.07.2019 Живот

Никсен - холандскиот тренд на животен стил што ве охрабрува да не правите ништо

Кога последен пат не сте правеле ништо, ама баш ништо? Не важи седењето на телефон или гледањето телевизија, туку едноставно да лежите без да правите ништо.

Во дигитален свет што навидум никогаш не спие, дури и кога мислиме дека не правиме ништо, во поголемиот дел од времето, ние правиме нешто. Но, се чини дека Холанѓаните ја совладале уметноста во тоа да не прават ништо, нарекувајќи го трендот „Никсен“.

Следејќи ги стапките на хиге, данскиот тренд што ги направи домовите удобни, никсен добива популарност во Северна Европа и низ целиот свет и лесно може да се види зошто.

Работната исцрпеност меѓу работниците сега се препознава како вистинска состојба, предизвикана од неспособноста на генерацијата да се исклучи, во голема мера благодарение на нашите паметни телефони и постојан пристап до електронските пораки и социјалните медиуми.

Дури и кога многу луѓе имаат слободно време, тие чувствуваат дека треба да прават нешто продуктивно, без оглед дали станува збор за проект, хоби или време за дружење со пријателите и семејството.

Но, никсен ја промовира уметноста на вистинско исклучување, кога човек нема да прави ништо и ќе има време за себе.

Што е никсен?


Никсен е холандски збор што во превод значи да не правиш ништо; „да се биде неактивен или да правиш нешто без никаква корист“.

Вежбањето никсен може да значи само седење и впивање на околината, губење на себеси во мислата или слушање музика.

Се разликува од совесноста, што ги охрабрува луѓето што ја практикуваат да бидат присутни во моментот, со тоа што ве охрабрува да се опуштите и да бидете со вашите мисли, каде и да ве одведат.

Во Холандија, многу луѓе кои страдаат од работна исцрпеност се охрабруваат да вметнат никсен во нивните рутини, давајќи си себеси определено време во кое можат да бидат ослободени од било какви обврски.

Придобивките од никсен


Иако во минатото Никсен бил отфрлен и поврзан со мрзеливост и контрапродуктивност, сега е поддржан тренд и се смета за лек.

Секако, не е практично постојано да се практикува, затоа што би можело да има негативно влијание врз вашиот живот, но правењето мали паузи за себе може да доведе до бројни емотивни придобивки, како што е намалување на анксиозноста.

Многу луѓе кои пракиткуваат никсен исто така велат дека поради овој тренд, доживеале зголемување на креативноста. Со тоа што ќе му дадете на умот шанса да „талка“, ќе предизвикате нови идеи што инаку би биле потиснати кога нашите умови се фокусирани на нешто друго.

Наоѓањето на начин за практикување на никсен што вам најмногу ќе ви одговара е доста важно. без разлика дали тоа е прошетка во природа или релаксирање во темна соба, важно е да го промените вашиот начин на размислување и да најдете време да не правите ништо без да имате чувство на вина.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот