X
 14.05.2015 Наука

Првата фотографија во боја од Марсовското зајдисонце

Марс ја нарекуваме Црвена планета. Таа навистина изгледа црвеникаво доколку погледнете во нејзината површина на фотографиите направени од роверите на НАСА. Но, зајдисонцето на Марс не е воопшто црвено. Тоа е сино.


Роверот „Кјуриосити“ неодамна направи фотографија во боја со својата камера, која прави фотографии слични на она што би го виделе со голо око. Научниците од НАСА објаснуваат:

„Правот во атмосферата на Марс има честички кои и дозволуваат на сината светлина да влезе во атмосферата подобро отколку боите со поголема бранова должина. Ова предизвикува сината светлина која доаѓа од Сонцето заедно со другите бои да остане поблизу до сончевиот дел од небото. Ефектот најмногу се гледа во близина на зајдисонце, кога светлината од Сонцето поминува подолг пат во атмосферата отколку среде ден.“

Без разлика на бојата, зајдисонцето секогаш и секаде изгледа убаво.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука