X
 11.04.2022 Живот

Единственото место на светот каде што заоѓањето на сонцето може да се види двапати

За романтичните души, нема ништо поубаво од гледање на зајдисонцето на крајот од пријатен летен ден.

Оние што имаат среќа да живеат или да престојуваат во Дубаи, покрај Бурџ Калифа, највисоката зграда на светот, може да го видат зајдисонцето двапати за помалку од една минута. Сѐ додека се во стаклениот лифт на облакодерот во Дубаи.

Зградата е толку висока, што можете да го гледате зајдисонцето од земјата, а потоа да се качите со лифт и повторно да го гледате зајдисонцето од врвот.

Овој облакодер во форма на игла е висок повеќе од 828 метри и може да се види од далечина од 96 километри. Изградбата на кулата започнала во 2004 година. Освен што е највисоката зграда во светот, има и најмногу катови и е најисполнета. Надворешноста од стакло и челик на кулата би покрила 17 фудбалски игралишта, а на работниците им требаат шест до осум недели за да ја исчистат. Системот за ладење произведува доволно кондензација за да наполни 20 олимписки базени годишно.

Двојното зајдисонце можете да го погледнете на видеото подолу.


Извор: b92.net
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот