Патрик Стјуарт, 61, успешно ја одбранил својата докторска теза по архитектура на Универзитетот во Британска Колумбија иако во тезата немало ниту еден интерпукциски знак и ниту една голема почетна буква.
Неговата теза е на тема „Генијална архитектура преку генијално знаење“. Дел од тоа генијално знаење, се чини, е неговата решеност да пишува во стилот на поетот Е. Е. Камингс, кој бил неодамна откриен од страна на студентот.
Камингс е познат по своето пишување без користење граматички правила. Поетот ја одбранил својата магистерска теза по англиски јазик на универзитетот „Харвард“ одбегнувајќи интерпукциски знаци, поради што го сметале за експериментален и иновативен студент.
Стјуарт објаснува дека сакал да испрати порака за културата, колонијализмот и слепото прифаќање на правилата на англискиот јазик во академијата.
Честитки до Стјуарт за неговата докторска теза.