X
 11.10.2022 Образование

Стогодишна жена доби почесен докторат за работа во рудник за време на Втората светска војна

Стогодишната Кетлин Робертс ги ризикувала животот и здравјето за време на Втората светска војна. Таа неодамна стана втора од само две стогодишници што добиле почесен докторат од универзитет.

Робертс е единствениот преживеан член на група жени кои ја спасиле индустријата на челик во Чефилд за време на Втората светска војна. Таа била тинејџерка кога првпат влегла во градските рудници. Заедно со други жени, работела 72 часа неделно, а истовремено примала пониска плата од мажите за истата работа.

Условите биле многу лоши. Квалитетот на воздухот бил низок, засолништата биле полни со стаорци, а кога се огласувале сирени за напад, жените едноставно ставале шлемови на главата и продолжувале да работат.

На овој начин, таканаречените „челични жени“ ја одржувале индустријата на челик во овој град. По војната тие биле прогласени за вишок и биле отпуштени, а биле советувани да не зборуваат многу за она што го преживеале. Меѓутоа, Робертс со текот на времето сепак проговорила и помогнала во спроведувањето на кампањата која го чува наследството на „челичните жени“.



Таа неодамна доби почесен докторат од Универзитетот во Шефилд, заедно со диплома од инженерство.

- Не можете сѐ да научите од книги - гласи нејзиниот совет за младите по доделувањето на дипломите.

Таа изјави дека била изненадена што ја доби почесната докторска диплома од инженерство, но се чувствува почестено и привилегирано да ја прифати во име на „челичните жени“ што придонеле во војната.

Нејзиниот совет за студентите бил да стекнат што повеќе практично искуство бидејќи многу работи не може да се научат од книги.

- Но најмногу од сè, прифатете ја секоја можност да ги следите своите соништа - додала таа.

Извор: Studomat
Насловна фотографија: Twitter (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование