Македонски Телеком со интернационалниот натпревар Business Wall of Fame на сите развивачи на М2М решенија од доменот Интернет на нештата („IoT”) им овозможува да го направат своето бизнис решение славно и да добијат медиумска кампања вредна 30.000 евра
Во тек е фазата на гласање за учесниците на интернационалниот натпревар Business Wall of Fame, кои ги пријавија своите М2М бизнис решенија во доменот „Интернет на нештата“. Едно од пријавените решенија е и интелигентниот омекнувач на вода, чија основна функција е да ја омекне водата и да ги отстрани дамките од бигор на чашите, наслагите на греачите и цевките, да го подобри перењето и да го направи туширањето попријатно.
Поставениот микрокомпјутер во омекнувачот ја прати функционалноста на истиот и интерактивно комуницира со Cloud сервер. На серверот се зачувува историјат на настани и грешки и од таму се овозможува комуникација со корисникот преку паметен телефон. Од телефонот клиентот е известен известува за различните проблеми преку поп-ап пораки. Доколку корисникот не е во можност да реагира на пораките, системот ја известува сервисната служба за настанатата ситуација и корисникот добива повик од оператор за природата на проблемот, за што ќе му се дадат насоки за негово надминување и понатамошно непреченото функционирање на омекнувачот.
„Денес технологијата ни овозможува континуирана интеракција со пријателите и нештата.
Дојде време на поврзаност и подобра комуникација со апаратите и уредите, а конкретно нашето решение го поедноставува користењето на апаратот за омекнување на водата.
Интеракцијата со него е овозможена преку сервисите на Т-Home, а неговата работа може да се следи на паметен телефон или на таблет“ - изјави Сашо Пандилов од „Б-П Филтри“ секторот во Бентен-Пан, креатор на ова решение.
Апликацијата нуди поврзување и со останати уреди како други филтри или апарати, бојлер, греење, ладење, осветлување, алармен систем, видео надзор или мотор од дворна капија, како во домаќинството така и во индустријата. Концептот кој е развиен од страна на Бентен-Пан, со своите партнери е флексибилен, универзален и применлив во секоја индустрија. Така поврзани нашиот живот станува поедноставен и побезгрижен, а времето покорисно.
„Ние веруваме во иновативноста на македонските компании. И не само што веруваме, туку и навистина, и паметниот омекнувач и останатите досега пријавени решенија од Македонија, може да бидат применливи и на локалниот пазар, но и на интернационално ниво. Решенијата на сите учесници, без разлика на кое место ќе бидат пласирани, ќе можат да се најдат на интернационалната страница на BWoF, каде ќе можат да ги разгледаат и други деловни корисници од другите земји. Ова е убава можност учесниците да ги прослават своите решенија, да ги направат познати на меѓународно ниво земји и да допрат до потенцијални 10,8 милиони бизнис корисници“ - изјави Слободанка Јакимовска Јосифовиќ, Директор на сектор за развој на деловни и ИКТ услуги и решенија.
Македонски Телеком е драјвер на технологијата во Македонија со креирањето на производи и услуги во телекомуникацискиот сегмент кој им овозможува на корисниците дополнителна вредност што не е од доменот на телекомуникациите, како мобилното плаќање, дигиталната телевизија, клауд услугите или новиот LOOP дигителен албум.
Некои од имплеметнирани М2М („IoT“) решенија во нашата блиска околина се решението за паметен рудник во Бугарија, кое ја зголеми продуктивноста во изнаоѓањето на златна руда и имплементација на „Смарт сити“ во Дубровник со кој градот штеди трошоци за струја и комунална хигиена поради централизираното управување.
„Овие нешта кои се чинат технолошки далеку, но деловните и приватните корисници брзо го прифаќаат овој глобален концепт поради големите придобивки што со себе ги носи. Македонски Телеком како сервис провајдер е во ситуација да го поддржи понатамошниот развој на овие решенија, за што сме особено среќни и горди“ - дадава Слободанка Јакимовска Јосифовиќ.
За повеќе информации околу ова („IoT“) решение, посетете ја страницата
https://www.wallofbusiness.com/mk/macedonia/solution/inteligenten-omeknuvach