Google отвори ново работно место и моментално бара таканаречен "Doodler". Графичкиот дизајнер кој ќе го вработи ќе креира цртежи на нивната home page. Дизајнерот ќе соработува со цел тим на дизајнери и програмери, бидејќи Google сака цртежите да ги менува скоро секој ден за да стане покомплексен и позабавен.
Doodle го измисли директорката на Yahoo, Мариса Мејер која додека работела во Google, направила повеќе од 2.000 цртежи. За милион корисници на овој пребарувач, цртежите се вистинска забава кога ќе кликнат секое утре, а понекогаш темата е и секојдневни разговори. Google сака со секој цртеж луѓето да бидат воодушевени, да ги информира и да ги изненади. За работата можете да се пријавите од понеделник, а за ориентација и инспирација ви ги нудиме најдобрите цртежи според изборот на Awwwards.
Линк до галеријата.