X
 30.01.2017 Живот

Совети за да не доцните на работа

Листата на изговори зошто доцниме на работа е навистина долга и со тек на време преминува во навика процесот на доцнење и користењето на истите изговори. Најчестите се густиот сообраќај, лошото време, исцрпеноста и слично.

Иако често доцнењето се толерира, сепак не е добро во однос на професионалната репутација, како и нивото на секојдневен стрес. Експертите имаат неколку предлози како да се справите со оваа лоша навика.

Започнете со тоа што ќе си дадете малку повеќе време.

Секогаш излегувајте од дома малку порано од времето кое сте го пресметале дека е доволно за да стигнете на време на работа. Земете го предвид сообраќајот и ред други препреки кои може да ви се случат по пат.

Немојте да мислите дека секој ден е ист.

Иако некогаш се случува да не наидете на густ сообраќај и пресметате дека малку време ви е потребно за да стигнете на работното место, сепак сфатете дека не е секој ден ист. Некогаш, работите можат да тргнат на лошо и да изгубите значително време на ред ситуации на пат кон работа.

Самото пристигање на работа не значи дека веднаш треба да работите.

Дадете си на себеси дополнителни 10-15 минути за да се адаптирате, напијте се кафе и ставете се во работно расположение – затоа пристигајте на работа малку порано, за да не бидете под притисок дека веднаш мора да започнете со работните обврски.

Обидете се со флексибилен распоред за да го избегнете сообраќајниот метеж.

Сигурно знаете кога има најголем метеж во сообраќајот. Калкулирајте и обидувајте се да ги избегнете „критичните часови“.

Размислете зошто секогаш доцните.

Не е можно да се дојде до решение ако не ја знаете причината за одреден проблем. Можеби е недостиг на мотивација, страв од неуспех, или едноставно лоша навика. Обидете се да ја детектирате причината, па потоа најверојатно ќе можете и подобро да се организирате и да ја исфрлите навиката на доцнење.

Побарајте помош ако вашиот распоред е преполн.


Не се обидувајте сите обврски сами да ги завршите кога гледате дека реално за тоа немате доволно време. Не срамете се да побарате помош во завршувањето на обврските – дури и најдобрите работници не можат да бидат на две места истовремено.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот