Вашиот прв работен ден е нешто што ќе го помните долго време и можеби најстресниот во вашата кариера.
Поголемиот дел од нас се сеќаваат на првиот работен ден поради притисокот со кој секој од нас се соочува, а кој не` тера да ги импресионираме другите. Но, можете да го намалите овој стрес, преку планирање на тоа како ќе се одвива вашиот ден.
1. Подгответе се и прашувајте прашања - Добра идеја е да седнете и да напишете прашања за тоа како би можеле да бидете успешни во вашата улога.
2. Подгответе краток говор - Подгответе се за објаснување од околу 30 секунди за тоа кои сте и каде сте биле претходно. Бидете подготвени и да објасните што ќе правите во новото работно место.
3. Појавете се порано, но влезете во зградата навреме - Стигнете 15-тина минути порано, меѓутоа добро би било да почекате, се` додека не ве повика шефот или директорот.
4. Запознајте се со колегите - Важни фактори во успехот на работа не се само добрите односи со вашите колеги, туку и дружењето со вистинските. Доколку сакате да добиете унапредување, тогаш важно е да бидете во круг на вистинските колеги.
5. Релаксирајте се - Иако е важно да бидете добар страгег, исто така важно е да се релаксирате на првиот ден за да можете да ја оптимизирате вашата продуктивност.
6. Не заборавајте да се смеете - Не заборавајте да бидете среќни и да уживате во моментот.
7. Внимавајте како ќе се облечете - Доколку имате сомнежи за тоа како треба да бидете облечени, тогаш најдобро би било да се насочите кон конзервативниот пристап. Бидете исто толку професионални колку што бевте за време на процесот на интервјуирање.
8. Немојте да бидете срамежливи - Кажете здраво и претставете се себеси на секој што ќе го сретнете.
9. Зборувајте со повеќе луѓе - На тој начин ќе имате шанса да видете како оперира одделот и тоа од перспектива на вашите колеги.
10. Научете каде е се` - Видете каде е wc-то, каде е кујната и каде е канцеларијата на вашиот шеф.
11. Спријателете се со барем еден колега - Одете еден чекор понатаму и спријателете се со колегата за кој мислите дека ќе ви одговара и во работењето и во дружењето.
12. Немојте да се трудите премногу - Желбата да импресионирате може да ве занеси, меѓутоа треба да запомните дека веќе сте вработени, не мора да ги воодушевите вашите нови колеги.
13. Не одбивајте ручек - Ако ви е понудено да одите на ручек со вашиот нов шеф и колегите, не одбивајте. Важно е да покажете дека сте подготвени да бидете со вашиот нов тим.
14. Не ги прескокнувајте обуките - Можеби од вас ќе се бара да присуствувате на неколку обуки уште првиот ден. За што и да се работи, не го прескокнувајте.
15. Слушајте и набљудувајте - Најдоброто нешто што можете да го направите првиот ден на работа е да слушате. Ова не е време кога го кажувате мислењето. Бидете пријателски настроени, запознавајте се со луѓето, смејте се и слушајте.
16. Покажете висока енергија - Можеби вашиот шеф ќе ве набљудува уште на самиот почеток. Вашиот став и вашата работна етика ќе бидат највидливи токму во текот на тие денови, па добро е да му покажете дека сте доста енергични.
17. Откријте што вашиот шеф навистина очекува од вас - На вашиот прв ден, вашиот работодавец ќе ви ги опиши одговорностите - или во пишана форма или вербално. Важно е да ги знаете одговорностите и да знаете што шефот очекува да направите.
18. Откријте ги непишаните правила во канцеларијата - Потребно е повеќе време за да ги научите и пишаните и непишаните правила на една канцеларија. Меѓутоа во текот на првиот ден добро би било да ги научите едноставните работи.
19. Покажете интерес за секој во компанијата - Сигурно ќе запознаете многу луѓе - некои од нив ќе направат напор да научат нешто за вас, па затоа добро би било и вие да направите напор и да откриете нешто за нив.
20. Исклучете го мобилниот телефон - Треба да бидете 100% присутни на работа, особено на првиот ден.
21. Немојте да судите никому и не толку брзо - Немојте да одлучите дека не ви се допаѓа вашиот колега од канцеларијата бидејќи не ви кажал здраво моментот кога сте влегле. Немојте да се жалите дека работата била грешка бидејќи не ја засакавте културата во компанијата. Трпение и позитивен став.
22. Внимавајте на говорот на телото - Вашиот говор на телото надоместува во поголемиот дел од комуникацијата. Затоа внимавајте.
23. Развијте добри навики - Особено поради тоа што ви доаѓаат нови информации, поставувањето и развивањето на добри навики и организираноста уште од самиот почеток ќе ви го олеснат животот.
24. Бидете достапни за вашиот шеф - Ова е важен прв впечаток кој не сакате да го пропуштите. Комапниите не се секогаш организирани. Затоа, бидете постојано достапни за вашиот шеф.
25. Бидете свои - Немојте да се преправате. Бидете порелаксирани и покажете го вашето вистинско лице. Немојте да се криете позади маските, бидејќи кога тогаш, тие ќе паднат и луѓето ќе научат дека сте сте преправале.
26. Завршете го денот со добар став - Сигурно дека првиот работен ден не може да помине беспрекорно. Можеби кога ќе погледнете назад на денот, нема да бидете задоволни од себеси. Немојте да бидете толку строги со себеси, никој не е совршен. Обидете се да бидете позитивни и запомнете: секогаш постои утрешниот ден.