X
 01.07.2017 Живот

Данските компании се соочуваат со недостиг на работници

Секоја трета данска компанија безуспешно се обидела да регрутира нови вработени во текот на изминатава година, покажува новото истражување.

дански
Фото: Iris/Scanpix

Недостигот на труд е штетен за способноста на компаниите да го развијат својот бизнис и ја намалува економијата.

Проблемот е во пораст веќе неколку години и сега е толку голем што повеќе од секоја трета компанија, односно 36%, безуспешно се обидела да регрутира нови вработени. Ова го покажува анкетата спроведена во 3.335 компании, направена од Конфедерацијата на данската индустрија.

Заменик директорот и шефот на Одделот за политика за пазарот на трудот Стен Нилсен, смета дека истражувањето е причина за аларм.

„Ова е главна пречка за работата и развојот на данските компании. Компаниите ризикуваат да им кажат не на задачите кога не можат да вработат луѓе кои им се потребни“, вели Нилсен.

„Исто така има и социоекономска последица за Данска бидејќи земјата пропушта да заработува и да просперира. Недостатокот на труд има директен и негативен ефект врз економијата“, додава тој.

Самите компании истакнуваат дека недостатокот на вработени има големи последици.

Во друго истражување спроведено во 464 компании, една третина одговориле дека морале да ги одложат проектите поради неуспешен обид за регрутирање. Околу една четвртина ги изгубиле продажбите или нарачките бидејќи немале вработени на располагање.

„Крајната линија е тоа што директно сме засеганти со недостигот на работници - долгорочно, компаниите ризикуваат да изгубат важни клиенти и пазари ако не се во состојба да ги задоволат потребите на клиентите“, вели Нилсен.

Сепак, неколку компании успеале да го преживеат недостатокот на вработените, со тоа што другите вработени работеле прекувремено. Две од три компании од истражувањето изјавиле дека задачите и проблемите биле решени преку прекувремена работа, додека помал број на компании избрале да ја пренасочат задачата на други компании во земјата и странство.

Професорот по економија во Бизнис школата во Копенхаген, Нилс Вестергард-Нилсен не е изненаден што Данска е во ситуација кога компаниите се соочуваат со недостиг на труд.

„Преминавме од економска криза, во која компаниите можеа едноставно да ангажираат од невработените, во ситуација во која компаниите кои сакаат да регрутираат мораат да ги донесат нивните вработени од други позиции, што значи дека постои голема конкуренција“, вели тој, додавајќи дека проблемот влијае и врз истражувачката заедница.

„Претходно, добивавме еден тон апликации за студентските позиции, но сега бројот на апликации е намален“.

„Недостатокот на работна сила е проблем кој мора да се сфати сериозно. Потребни се реформи во пазарот на трудот ако сакаме да избегнеме ситуација во блиска иднина во која недостатокот е толку раширен што ќе го чувствуваме притисокот на платите и растење на сиромаштијата“, вели Нилсен.

Нилсен вели дека постои потреба постарите вработени да останат подолго на пазарот на трудот и да се осигураат дека пристапот до странскиот труд останува добар.

Портпаролот за вработување од партијата на Социјалдемократите, Леиф Лан Јенсен, верува дека решението лежи во центрите за вработување.

„Треба да бидат подобри во откривањето што е потребно. Тие мораат да пронајдат профил кој ќе одговара. Не е проблем пронаоѓање на повеќе раце. Рацете се таму. Потребно е да се осигураме дека тие раце се доволно обучени“, додава Јенсен.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот