Доколку има нешто за што може да бидеме сигурни кога станува збор за филмската индустрија, тоа е дека Холивуд сака продолженија. До крајот на годината нè очекуваат продолженија на многу познати постари филмови.
Меѓу другото, нè очекува продолжение на „Хокус покус“, филм од 1993 година. „Хокус покус 2“ треба да ја има премиерата на „Дизни плус“ на 30 септември годинава.
На 17 ноември пристигнува продолжение на познатиот филм „Божиќна приказна“ (A Christmas story). Новиот филм со наслов „Божиќна приказна Божиќ“ (А Christmas story Christmas) повторно ќе го прикаже Питер Билингсли како Ралфи, кој сега е пораснат. И други улоги од оригиналниот филм ќе се појават во продолжението.
На 16 декември годинава пристигнува и продолжението на „Аватар“, кое го чекавме со години. „Аватар: патот на водата“ (Avatar: the way of the water) ќе ги има Сем Вортингтон и Зои Салдана во главните улоги, а голем дел од акцијата ќе се случува под водата.
На 21 декември премиера ќе има „Мачорот во чизми: Последната желба“, продолжение на „Мачорот во чизми“ од 2004 година.
„Стаклен кромид: нож во грб“ (Glass onion: a knives out mystery) е филм кој треба да ја има премиерата на 23 декември годинава. Станува збор за продолжение на филмот „Нож во грб“ (Knives out) од 2019 година. Филмот ќе биде достапен на „Нетфликс“.
„Мистериозно убиство 2“ ќе биде продолжение на „Мистериозно убиство“ (Murder mystery) од 2019 година. Во филмот повторно ќе ги гледаме Адам Сендлер и Џенифер Анистон, а премиерата се очекува кон крајот на 2022 година, иако сè уште не е познат датумот.
Извор: Looper
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)