X
 11.02.2023 Култура

Бен Афлек и Мет Дејмон повторно се среќаваат во нов филм за „Најки“

Бен Афлек и Мет Дејмон глумат во нов филм за компанијата „Најки“. Спортската драма „Воздух“ (Air) го доби првиот трејлер.

Во филмот, Афлек го игра директорот Сони Вакаро, додека Дејмон е еден од основачите на компанијата, Фил Најт.

Приказната е сместена во 80-тите години, кога Вакаро се обидувал да постигне договор за партнерство со кошаркарот Мајкл Џордан, што довело до создавањето на едни од најпопуларните обувки на компанијата на сите времиња. Во филмот глуми и Виола Дејвис, а Афлек се јавува и во улога на режисер.

Филмот треба да пристигне во кината низ светот на 5 април.


Извор: Huffpost
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура