Кога Американците би можеле да гласаат за нивниот претседателски изборен систем, тие би го замениле, покажуваат анкетите. Во меѓувреме, доколку сè оди според планот, 538 „избирачи“ ќе се соберат на повеќе локации низ САД во декември, неколку недели по претседателските избори во земјата, кои се закажани за 3 ноември, за официјално да го одберат следниот претседател на САД.
Изборниот колегиум е систем во кој избирачите одбрани од партиите гласаат за кандидатите за претседател. Избирачите гласаат за кандидатите со изборни гласови кои им се доделени според бројот на членови на Конгресот на секоја сојузна држава. Најмногу изборни гласови имаат избирачите на Калифорнија - 55, а најмалку на Алјаска и Вајоминг - по 3.
Има вкупно 538 изборни гласа, а кандидатите треба да соберат 270 за да победат. Според овој систем, кандидатот што освоил најмногу гласови во Калифорнија ќе добие 55 изборни гласа од избирачите одбрани во оваа сојузна
држава. Од друга страна, победа во Вајоминг на кандидатот ќе му донесе само 3 изборни гласа.
Фото: Pixabay
Системот бил создаден во време кога гласале само белите мажи што поседувале имот, а поради страв од директна демократија. Сепак, многумина го критикуваат системот бидејќи според него може да победи кандидат со помал број на гласови доколку победи во сојузните држави со повеќе изборни гласови, како што беше случајот на претходните претседателски избори.
Секој кандидат веќе има „сигурни“ изборни гласови во најнаселените земји. На пример, демократите најчесто победуваат во Калифорнија, а републиканците во Тексас. Затоа, тие немаат толку кампањи во тие држави, туку се фокусираат на места како Охајо, каде што поддршката за двете политички партии е еднаква, а сојузната држава носи 18 изборни гласа.
Кога станува збор за избирачите, партиите во секоја сојузна држава имаат различни методи за нивно одбирање.
Во врска со престојните избори, експертите велат дека Џо Бајден води во анкетите, но не треба да се биде сигурен дека Доналд Трамп ќе изгуби. Трамп има 1 во 10 шанси да освои повеќе гласови од жителите, но речиси 1 во 4 шанси да победи на изборите според изборниот колегиум.
Автор: Џон Лајцинг
Извор:
weforum.org