X
 14.07.2017 Живот

Климатските промени се голем проблем за авиоиндустријата

Сè почестите топлотни бранови и температурите во пораст поради глобалното затоплување би можеле во наредните години да приземјат третина од авионите, што најмногу би ги погодило аеродромите во Њујорк и во Дубаи, покажала најновата студија.


Авиокомпаниите би биле присилени да ги намалат бројот на патници, количината на багаж и горивото поради сигурност при полетувањето, бидејќи високите температури ја намалуваат способноста на крилата за полетување, велат американските експерти.

Се очекува глобалната температура до 2100 да се зголеми за 3 Целзиусови степени. Уште полошо, на авиоиндустријата ѝ се закануваат топлотни бранови што нема да ги издржи. Годишните максимални дневни температури на аеродромите би можеле до 2018 година да се зголемат помеѓу 7 и 14 степени, што ќе доведе до скапи откажувања или одлагања на летови.

Во најтоплите делови од денот, помеѓу 10 и 30 проценти од авионите би морале да го намалат товарот за да можат да полетаат. Тоа значи дека авионот со 160 седишта би морал да отфрли 13 патници. Трошоците за откажување или одлагање на летовите би биле голем удар за индустријата, но и за другите области од општественото живеење, сметаат експертите.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот