X
 25.05.2015 Култура

Најмладите и најстарите земји според населението

Развиените земји стануваат стари, можеби престари. Нова мапа од истражувачкиот центар „Pew“ ја покажува староста на жителите во земјите. Процентот на населението постаро од 65 години брзо расте во Јапонија и голем дел од Европа.


Проблемот со старото население е едноставен: тие се тешки за одржување. Кога луѓето се пензионираат, младите треба да ги земат нивните работни места и да плаќаат данок со кој ќе се одржуваат старите. Но, кога немате доволно деца, особено во Јапонија, целиот систем пропаѓа.

Од друга страна, земјите со зголемено младо население имаат свои проблеми. Тешко е да се создадат доволно работни места за да им се помогне на сите кои влегуваатна пазарот на трудот. Според извештај од ОН, дури 80% од невработените жители на Египет во 2006 биле на возраст под 30 години.

Населенијата не треба да бидат премногу стари, ниту премногу млади. Да се одбегнат проблеми, возраста треба да биде балансирана.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура