X
 21.07.2023 Живот

Во оваа земја може да ве казнат со 36.000 евра за пуштање гласна музика

Плажата е место каде што често ќе најдете луѓе кои пуштаат гласна музика без да ги земат предвид другите луѓе, а на Португалија официјално ѝ е преку глава од таквото однесување.

Затоа, португалската Национална поморска управа објави дека ќе почне да ги казнува луѓето што пуштаат гласна музика со максимална казна од 36.000 евра за група.

Да, добро прочитавте, за сумата на максималната казна може да си дозволите убав нов автомобил. Индивидуалните казни за пуштање гласна музика ќе почнуваат од 200 евра, пред потенцијално да се зголемат на 4.000 евра за понатамошни прекршоци.

Најголемата казна што може да се ѝ се изрече на една група е 36.000 евра. Сепак, звукот што ќе предизвика таква казна не е особено јасен. Од Националната поморска управа велат дека преносливите звучници се забранети на плажите доколку ги вознемируваат другите посетители и дека поплаки за врева може да пријават и туристи и локални жители.

Во секој случај, ако планирате да пуштате песни на плажа во Португалија ова лето, можеби е најдобро да си земете слушалки.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот