Познато е дека Колумбо во 1492 година направи грешка во неговото патување, па наместо да заврши на азискиот континет, тој се упатил кон Карибите и Америка. Се верува дека една од главните причини е картата која Колумбо ја следел.
Германскиот картограф Хенрикус Мартелус во 15-от век направил карта за која се верува дека најдобро ја илустрира перцепцијата на Колумбос за географија.
Картата се наоѓа во книжарницата на Универзитетот Јеил, а таму ја анализира тим на научнции за да можат да ги прочитат натписите кои полека исчезнуваат. Огромната карта е фотографирана под 12 различни фреквенции на светло за да се открие текст стар 500 години.
Се верува дека оваа карта со должина од 1 метар е направена околу 1491 година. Таа ја цитира енциклопедијата која била направена истата година и нејзиниот приказ на светска географија е конзистентен со нашите сфаќања за патувањето на Колумбо. На источната страна на картата се наоѓа Јапонија, дестинацијата на Колумбо за време на неговото прво патување во 1941 година.
На оваа површина која ја означува Јапонија, пишува: „Овој остров се наоѓа отприлика на 1.610 километри кај провинцијата Маги (термин кој се користел за северна Кина); таму луѓето имаат сопствен јазик, а обемот на островот е (не се чита) милји“.