X
 28.05.2015 Технологија

"SpaceX" доби сертификат за лансирање на американски воени шпионски сателити

спејс

 

Компанијата на Елон Маск „SpaceX“ доби сертификат од американските воздухопловни сили за да лансира воени и шпионски сателити. Одобрението стигна после две години тестирање. Досега монопол на ова лансирање имаше компанијата „Lockheed Martina“ и „Boeing“ кои право на лансирање добија во 2006 година.


Компанијата на Елон Маск од претходно има договор со НАСА за транспорт на роба и патници кон Меѓународната вселенска станица.

„Појавата на „SpaceX“ како реномиран комерцијален превозник за прв пат во последните десет години отвора можност за давање услуги при ласнирање“, изјави Дебора Ли Џејмс, секретарка на американските воздухопловни сили. Маск оваа одлука ја нарече „важен чекор во создавање на конкуренција на подрачје на вселенско лансирање кое се однесува на националната безбедност“.

„SpaceX“ во јуни ќе ја добие првата можност да лицитира за договорт за лансирањето на GPS сателити произведени од „Lockheed“. Американската војска за лансирањето на робата досега се потпирала на „Atlas 5“ ракетата, која ја управуваат руски мотори, но на тоа имаат право само до 2019 година, бидејќи е донесен закон со кој се забранува руско користење на мотори поради страв од загрозување на националната безбедност.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија