Компанијата „хАИ“, стартап за вештачка интелигенција основан од Илон Маск, се впушта во амбициозен потфат за да изгради еден од најмоќните суперкомпјутери во светот. За да се постигне оваа цел, компанијата ќе работи со „Оракл“, истакнат снабдувач на софтвер за претпријатија и инфраструктура во облак. Ова партнерство треба да обезбеди суштински ресурси и експертиза за да се забрза развојот на проектот за вештачка интелигенција.
Гигакомпјутер
Соработката со „Оракл“ е дел од поширокиот план на компанијата за воспоставување проект наречен „Гигафактори оф компјут“. Оваа иницијатива следува по успешен круг на финансирање, за време на кој „xАи“ обезбедила шест милијарди долари инвестиции. Предложениот гигакомпјутер би се состоел од огромна низа од единиците за обработка „Х100“ на „Нвидија“, кои го претставуваат индустрискиот стандард за чиповите, на центрите за податоци со вештачка интелигенција.
Маск предвидува дека оваа машина ќе биде најмалку четири пати поголема од најголемите постојни ГПУ кластери. Графичките процесори Х100 на „Нвидија“, познати по нивните исклучителни перформанси во решавањето сложени задачи со вештачка интелигенција, станаа многу барана стока.
На неодамна завршената конференција „Вива тек 2024“ во Париз, Маск изјавил дека очекува „хАИ“ да се натпреварува со лидерите во индустријата за вештачка интелигенција како „Опен АИ“, „Мајкрософт“ и „Гугл Дип мајнд“ до крајот на годината. А до крајот на следната година Маск се надева дека системите за вештачка интелигенција како чет-ботот на „xАи“ - Грок би можеле да ги надминат човечките способности во различни задачи.
Грок е во раните фази на развој и треба да прерасне во моќен јазичен модел заснован на длабоко учење оптимизиран за природни разговори, генерирање креативни содржини и други широки задачи на природен јазик. Неодамна, „xАИ“ го лансира Грок на европскиот пазар, проширувајќи ја својата достапност надвор од Соединетите Држави.
Извор: bug.hr
Фото: Freepik