X
 24.06.2024 Технологија

Дали би им дозволиле на роботите на Маск да ви ги чуваат децата?

Најголемите експерти во технолошката индустрија се согласуваат дека иднината им припаѓа на вештачката интелигенција и хуманоидните роботи. Какви се очекувањата, најдобро можеме да видиме од неодамнешните коментари на извршните директори на „Тесла“ и „Нвидија“, а Маск верува дека еден ден ќе има до десет пати повеќе хуманоидни роботи отколку луѓе на Земјата, додека благодарение на роботите, вредноста на неговата компанија би можела да се зголеми на неверојатни 25 милијарди долари.

Патот дотаму е многу долг, но „Тесла“ го направи првиот чекор од тој технолошки маратон претставувајќи го својот прв робот. „Оптимус“ беше претставен пред неколку години, а од „Тесла“ велат дека би можел да се појави во продажба следната година. Неговите способности треба да бидат многу големи. Маск претходно спомена дека такви роботи ќе се испраќаат во продавници да ни купуваат намирници и дека тие треба да ни помогнат во домашните работи, односно можеби би можеле да ја завршат целата работа поврзана со готвењето, чистењето, пеглањето и слично. Неодамна Маск спомена уште една можност за својот робот, а тоа е дека може да чува деца.

Робот-дадилка звучи прилично нереално, но и морничаво, а тешко е да се помисли дека некој би го оставил своето дете на лимена конструкција контролирана од вештачка интелигенција. Но, иако денес е невозможно такво нешто, којзнае како ќе гледаме на роботите во иднина. За неколку децении тие би можеле да станат толку вообичаени во нашите животи, што сите овие работи за кои Маск и другите технолошки експерти зборуваат би можеле да ни станат нормални.

Затоа, патот до таа точка е многу долг, но „Тесла“ неодамна постигна уште еден напредок со нова и уште понапредна генерација на роботи. Се разбира, „Тесла“ не е единствената компанија што може да се пофали со напредна роботика.

Извор: zimo.dnevnik.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија