Сведоци сме на многубројни природни катастрофи кои ја погодуваат планетата сè почесто и посилно. Одредени подрачја имаат поголем ризик да бидат погодени од природни катастрофи, но научниците велат дека следниве може да нè погодат сите во секој момент.
Пожари
Се предвидува дека САД ќе биде погоден од страшни пожари до 2050 година. Научници од „Харвард“ тврдат дека секоја година пожарите ќе бидат помасовни. Се предвидуваат 30-60 илјади пожари годишно во следните 50 години.
Вулкани
Меѓу останатите, најголема опасност претставуваат вулканот Бадарбунга, кој веќе еруптираше изминатата година и Фиџи. Во вториот случај, вулканот кој се наоѓа на истоимената планина се претпоставува дека сигурно ќе еруптира, а истиот се наоѓа во близина на Токио.
Земјотреси
Во април изминатата година, Чиле беше погоден од силен земјотрес. Експертите велат дека во блиска иднина земјата ќе биде погодена од уште посилен земјотрес. Потоа, Масаки Кимура, сеизмолог, превидува земјотрес од дури 9 степени по Рихтер на подрачје на Јапонија најдоцна до 2017 година. Земјотрес се предвидува и во САД, поточно во Калифорнија во следните неколку децении.
Цунамиња
Подрачјето на Орегон ќе биде погодено од земјотрес со јачина од 9 степени во следните 50 години, сметаат сеизмолозите. Се проценува дека цунамито предизвикано од земјотресот би убил илјадници луѓе. Цунами се превидува и на Карибите. Сајмон Деј смета дека вулканот Кумбре Вјеха ќе еруптира и ќе предизвика најголемо цунами досега забележано.
Поплави
Ураганот Сенди во 2012 година поплави многу градови, а се претпоставува дека слична катастрофа ќе се случи и во следните 700 години.
Сончево невреме
Најголемата природна катастрофа која ни се заканува веројатно е сончевото невреме предвидено од научникот Пит Рајли, кој ги истражува сончевите невремиња во последните 50 години и смета дека постои голема шанса нашата планета да биде погодена од големо невреме во следните 10 години.