X
 05.06.2015 Образование

Предизвикот на "Fakulteti.mk" заврши. Ова се победниците

„Факултети“ има чест да ви ги претстави Хајал Ајдарче и Мелита Поп-Антовска, победнички на предизвикот кој беше одржан во изминатиот месец, организиран од нас.


Од пријавени речиси 20 кандидати, до крајот останаа само 4-ца. Христијан Цветковски и Беркан Асановски се останатите херои кои го завршија предизвикот. Сите учесници добиваат препорака за завршена пракса во „Факултети“, а победниците добиваат тренинг за млади менаџери во „Пивара-Скопје“ во организација на едукативниот центар МОТИВА.

Која беше целта на предизвикот?

Забележавме дека студентите не добиваат доволно информации за начинот на работа во земјава и странство, а некои немаат шанса ниту да вежбаат пишување едноставно резиме или мотивациско писмо, па решивме да им помогнеме да го научат тоа. Сакавме да им понудиме едно поинакво знаење на студентите преку интерактивни задачи.

Што учеа и вежбаа учесниците?

Тие учеа како е да се работи во професионалниот свет, како да пишуваат резиме и мотивациско писмо, како да се изразуваат, како да го искористат јазикот за докажување на своите способности, како да наоѓаат можности за пракси, вработувања и стипендии и да се пријават за истите. Исто така, тие научија како да ги користат социјалните мрежи за да бараат работа и да се промовираат. Имајте предвид дека студентите го правеа сето тоа за време на испитна сесија.

Што мислат студентите кои го завршија предизвикот?

- И покрај многуте обврски на крајот од семестарот, предизвикот кој го прифатив беше незаменливо искуство. Соработката со Факултети.мк беше потик и мотивација плус, еден вид отскочна даска да запливам во професионалните води, изјави Мелита, победник на предизвикот.



Мелита Поп-Антовска

- Со право можам да кажам дека, како за прво натпреваравување од ваков тип во Македонија, импресиите и тоа како се големи. Искуството да се биде меѓу првите кои што учествуваа е огромно и далекусежно, бидејќи сите тие предизвици коишто ние макотрпно ги работевме, се предуслов за понатамошен успех во нашата идна работа, изјави Христијан.

- Предизвик во права смисла на зборот. Не знаев што ќе биде, како ќе биде но не мислев за тоа каде ќе ме води патот туку само го направив првиот чекор и истиот тој чекор ме однесе до врвот. Преубаво искуство кој ми дозволи уште повеќе да размислувам и уште повеќе и поубаво да пишувам. Битен момент во мојот живот кој ми докажа дека никогаш не треба да се откажам. Ако се откажеш ја губиш шансата да научиш што има на крајот од патот. Задоволство ми беше да бидам дел од овој предизвик, вели Хајал, победник на предизвикот.



Хајал Ајдарче

- Целиот овој предизвик беше интересен и воопшто не се чувствуваше како предизвик, туку како игра која ја играме онлајн, нешто како игра на која треба за одредено време да се завршат одредени мисли, во спротивно ќе изгубиме по еден живот, вели Беркан.

Следниот предизвик пристигнува многу наскоро, а тој ќе биде потежок, поинтензивен и подинамичен, но и повреден. Очекувајте нè наскоро.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование