X
 09.06.2015 Живот

Лебдечките куќи во Ајбург, Амстердам

Соседството Ајбург е најнова област во Амстердам, изградена над неколку вештачки острови кои се собрани од езерото Ајмер. Амбициозниот проект се`уште е во изградба, со што се преселени повеќе од 20.000 луѓе.

 

app


Кога ќе заврши, соседството ќе има 18.000 домови, 45.000 жители како и училишта, продавници, забавни центри, ресторани и плажи. Еден од многуте иновативни проекти за домови се одвива во Ватербурт или областа на вода.

Ватербут е дел од Ајбург соседството и е лоцирано на „Steigereiland“ кој претставува главниот пат за пристап до Ајбург преку Мостот Енеус ерма. Соседството има 75 куќи кои лебдат.

 

Куќите се изградени на бродоградилиште на 65 километри од езерото Иј, а надминуваат широчина од повеќе од 6.5 метери. За да се осигураат дека домовите нема да отпловат и да се оддалечат еден од друг, тие се закотвени на коритото на езерото.

Експериментите со живеењето на вода треба постојано да се случуваат, особено во земја како Холандија каде две третини од населението живее под нивото на морето. Државата потроши милијарди на одржување на водата во заливот и за изградба на најпознатите бариери во светот. Лебдечките населби се исто така решение за проблемот со зголемувањето на морето и недостаток на куќи во густите метрополски области.

 

Линк до галеријата.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот