X
 30.12.2020 Култура

Амстердам ќе добие подводен музеј изграден околу потонат брод

Архитектонското студио ЗЈА дизајнира концепт за музеј во Холандија кој ќе биде изграден околу остатоците на историскиот брод „Амстердам“, кој е потонат покрај брегот на Хастингс во Велика Британија.

Планот е да се премести бродот без да се вади од водата, а потоа да се изгради музеј околу стаклена структура што ќе биде изградена околу бродот. Посетителите ќе може да го гледаат 40-метарскиот брод од сите агли.

Бродот „Амстердам“ бил изграден во 18 век, но потонал покрај англискиот брег во 1749 година на своето прво патување. Трупот и внатрешноста на бродот се зачувани, а музејот треба да ги спаси од уништување.



Допрва ќе се одлучува за точната локација на музејот, но се разгледуваат повеќе места во Амстердам.

За безбедно релоцирање, бродот ќе биде подигнат од морското дно со челична структура заедно со песокот околу него. Оваа структура потоа ќе биде пренесена до Амстердам.

Пренесувањето на бродот треба да трае неколку години, а отворањето на музејот е планирано за 2025 година.

Автор: Лизи Крук
Извор: dezeen.com
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура